Шкотски остров е идеално засолниште од пандемијата: Се продава за 111.000 долари

Сподели со своите пријатели

Со новата реалност што тропна на врата пред една година и нема намера да замине засега, многу луѓе, особено оние со подлабок џеб, размислуваат за своите животни одлуки и бараат да побегнат од градовите до оддалечените агли каде што нема да бидат ограничени само на престој во нивните домови, ма колку и да се луксузни.

Loading...

Многу од нив купуваат парцели далеку од цивилизацијата, а во Шкотска се нуди за релативно ниска цена од 111.700 долари (80.000 фунти).

Островот на елените, во регионот на Шкотската висорамнина, со површина од 4,5 хектари, се наоѓа на западниот брег на земјата и се нуди на продажба.

Ненаселениот остров во Лох Моидарт е локација во која може да се ужива со целосна приватност поради оддалечената положба, тврдат од компанијата „Future Property“.

Островот се продава откако бил во сопственост на исто семејство 500 години, а идниот сопственик ќе биде сосед, иако далечен, на семејството на британскиот милијардер Ричард Бренсон, чија сестра Ванеса е сопственик на Елијан Шон – најблискиот соседен остров.

„Тие го користат за работа. Ајлијан Шона е многу поголем остров и на него има разни содржини и објекти, каде што многу славни лица одат на одмор“, вели менаџерот на недвижнини Стивен Макласки.

 

Loading...

 

Првите соседи на островот се црвени верверички, фоки и некои делфини.

Во моментов, единственото нешто на островот е дрвјата и каменот. Никогаш не се градело ништо на него. Тоа било целосно ненаселено 500 години.

Во близина на островот се наоѓа и замокот Тиорам, изграден во 13 век, но сега во руинирана состојба.

Интернет-аукцијата ќе се одржи на 26 март, а Макласки наведува дека има заинтересирани страни кои сакаат островот да го претворат во база за екскурзии, кајакарење и пешачење.

Островот се очекува да чини меѓу 210 и 280.000 американски долари.

Од почетокот на пандемијата, интересот за ваквите оддалечени локации драматично скокна. Некои од нив се продадоа за милиони долари.

Во јули минатата година, неименуван купувач од Европа го купи ирскиот остров Коњ, со површина од 63 хектари, за 6 милиони долари.

Loading...

Продажбата беше договорена преку WhatsApp.

Leave a Reply