Шише вино продадено за 558.000 долари

Сподели со своите пријатели

Шише вино „Romane-Konti“ од 1945 година продадено е за 558.000 долари во аукциската куќа „Сотби“ во Њујорк, со што е срушен рекордот за вина.

Медиумите наведуваат дека конечната цена е 17 пати поголема од првобитната која ја дала куќата од 32.000 долари.

Шишето со замастена етикета е едно од 600 примероци произведени во 1945. година, непосредно пред да биде извадена виновата лоза од имотот и да биде повторно засадена.

Најпознатото виски во светот всушност го измислил роб

Loading...

Се наведува дека „Romane-Konti“ се смета за најдобро вино од Бургундија и можеби најугледно вино во светот.

Полињата од кои потекнува оваа лоза се наоѓаат на парцели помали од два хектари и денес таму се произведуваат помеѓу пет и шест илјади шишиња годишно, а дел од појасот на полето се сместени на истокот од Франција.

Инаку, претходниот рекорд за излицитирана цена на стандардно шише вино изнесувало 233.000 долари, што е постигнато за „Шато Лафир Ротшилд“ од 1869. година, кој е продаден на аукција во Хонг Конг во 2010. година.

Leave a Reply