Шефот на Вагнер регистрирал нов бизнис во Белорусија?

Сподели со своите пријатели

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, наводно регистрирал компанија во Белорусија наречена Конкорд Менаџмент и Консалтинг, пишува белорускиот весник Reform.by, а пишува рускиот независен портал Медуза.

Loading...

Според Единствениот државен регистар на правни лица и самовработени претприемачи на Министерството за правда на Белорусија, компанијата со акционерски капитал од 200 белоруски рубљи (околу 72 евра) е регистрирана на 19 јули во селото Цел, регионот Могилев, Белорусија.

Како што пренесува Индекс, според белорускиот весник Reform.by, тоа е локацијата на воениот камп каде што биле испратени платениците на Вагнер по бунтот на Пригожин на крајот на јуни.

Наведено е дека бизнисот е фокусиран пред се на управување со недвижен имот и дека Пригожин наводно е на чело на компанијата, пренесува Медуза.