Шефот на Пентагон: Путин ќе победи ако не ја поддржиме Украина

Сподели со своите пријатели

Украина нема да може да победи во конфликтот со Русија без поддршката на Вашингтон, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Loading...

Според него, „руското раководство чувствува дека Западот ќе се измори да ја поддржува Украина, поради што Москва наскоро ќе добие предност“.

„Ве уверувам дека без наша поддршка и ако сега го „извлечеме тепихот од под нозете“ на Украина, рускиот претседател Владимир Путин само ќе зајакне и ќе успее да го направи она што го има намера – да ја окупира територијата на својот сосед“, рече Остин во Сенатот, каде што зборуваше за дополнителна помош за Украина.

Како што наведе, украинскиот претседател Володимир Зеленски не претерал кога рекол дека украинската армија ќе биде поразена без поддршка од Западот, посочувајќи дека тоа секако ќе се случи доколку „САД ја остават Украина сама со Русија“.

„Не можам да кажам колку долго може да издржи Украина. Тешко е да се даде точна временска рамка колку време ќе потрае, но можам да ви гарантирам дека без нашата поддршка Путин ќе успее во своите цели“, истакна тој.

Американскиот министер за одбрана додаде дека конфликтите во Украина и Израел ќе влијаат на глобалната безбедност во наредните години, нагласувајќи дека поддршката за тие земји е „американска инвестиција во одбраната и индустриската база“.

„Тоа ни помага да ги надополниме нашите залихи и ни дава дополнителна флексибилност да го правиме она што го правиме со години низ целиот свет“, рече Остин, нагласувајќи дека САД мора да продолжат да ги поддржуваат двете земји.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен предупреди дека „ограничувањето на помошта на Вашингтон за Украина може да ги наведе и другите земји да го следат примерот“, пренесува RT Balkan.

Loading...