Шангај има генерален директор за ноќен живот

Сподели со своите пријатели

Ноќниот живот започна да цути во големите кинески градови. Шангај претстави насоки за потикнување на ноќниот живот во април, па така градот доби и ново работно место – генерален директор за ноќен живот.

Loading...

Иако Шангај е град кој никогаш не спие, со градското потикнување на мерките ноќниот живот е разбуден. Во огласта Хуангпу, Јујуен паркот има и древна убавина и модерни атракции, и е типичен претставник на шангајската економија на ноќниот живот.

Од 1 август, работното време на паркот Јујуен е продолжено, што привлекува дополнително повеќе луѓе. Воедно, Хуангпу е првиот урбан дистрикт во Шангај кој има генерален директор за ноќен живот, а тој свои помошници и советници.

Генералниот директор за ноќен живот Ху Џунџие вели дека продолжувањето на работното време привлекло нови посетители, но смета дека клучот во ноќната економија е во различните содржини во секој регион.

Image by woong hoe from Pixabay

Втората бизнис зона во шангај, Синтиенди кога особено ја сакаат младите, има многу ресторани, барови, мали музеи, продавници со сувенири и галерии.

Во економијата на ноќниот живот од изминатиот викенд учествува и шангајскиот Парк на диви животни, кој на посетителите им овозможува ноќни посети.

Loading...

Осветлувањето во зоолошката градина е поставено така да ја имитира Месечината.

Над 5.000 животни ќе се среќаваат со посетителите при ноќните тури. Оние на кои ноќните активности не им одговараат, како белите лисици, нема да бидат вознемирувани.

Економијата на ноќнот живот, освен Шангај, ја потикнуваат и други кинески градови како Пекинг и Тијенџин, а властите се надеваат дека поголемата потрошувачка ќе донесе и нови приходи.

Leave a Reply