Шахпаска: Продолжуваме со реализација на правата кои произлегуваат од Законот за употреба на јзиците

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и соцјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Илмер Села, со кој разговараа за институционалната примена на јазиците согласно Законот за употреба на јазиците за државните институции.

Loading...

На средбата, како што соопшти МТСП, Села истакнал дека главна задача и надлежност на Агенцијата  е поддршката на институциите во реализирањето на обврските согласно Законот за употреба на јазиците, вклучително и лекторирање и преведување.

Министерката за труд и социјална политика во разговорот посочила дека Министерството работи во насока на целосна имплементација на Законот за употреба на јазиците и во пракса на институционално ниво, според кој покрај употребата на македонскиот јазик како прв службен јазик е и јазикот кој што го зборуваат 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија.

-Правата на граѓаните кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците се со Закон заштитени, а ние како Министерство кое работи за и во интерес на граѓаните продолжуваме со почитување и реализација на тие права, истакнала Шахпаска додавајќи дека тоа е долг и сериозен процес на кој што се работи, со исполнувањена крајната цел, испорачување резултати до граѓаните.

На средбата соговорниците изразиле подготвеност за понатамошна соработка во полето на надлежностите на двете институции.

Славица Стефановска

Leave a Reply