Северна Кореја краде криптовалути и ги користи за финансирање оружје

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја, Соединетите Американски Држави и Јапонија изразија загриженост поради „злонамерните“ активности на Северна Кореја кои ја финансираат нејзината програма за оружје, се вели во денешното заедничко соопштение на трите земји.

Loading...

Официјални лица и експерти од САД и сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од севернокорејски хакери биле клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг, објави Ројтерс.

Нуклеарниот претставник на Јужна Кореја оваа недела одржа состаноци со американските и јапонските колеги во Сеул и ги осуди ракетните тестови на Северот.

„Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетни програми“, се вели во заедничката изјава.

Се додава дека тие земји се исто така загрижени што Северна Кореја ги поддржува овие програми со „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни сајбер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност која ќе ги врати севернокорејските работници на нивните територија.

Тензиите се високи на Корејскиот полуостров, САД и Јужна Кореја одржаа серија пролетни воени вежби, додека Пјонгјанг, лут од вежбите, ги засили воените активности во последните недели.