СЕНАРОДНА ПОРАКА: „НЕ КРАДИ, НЕ ЛАЖИ, АЈ МАРШ НА ИЗБОРИ!”

Сподели со своите пријатели

Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Loading...

Голем грев е неверувањето во Богаголем грев е неприфаќањето на Бога... 

Затоа, со голема почит, смирение и љубов, голем поклон пред тие што ова го читаат.

Велат, дојдоа дивите ги избркаа питомите. 

Ама важи и максимата: Светот не пати од злото на лошите, туку од молкот на добрите.

 Да се пронајдеме и да се престориме, заради нас и тие по нас…

Имав наслов “АЈДЕ НА ИЗБОРИ“, едновремено додавајќи, за доброто на сите добронамерни и чесни Македонци, по род и државјанство, кои си ја сакаат родната грутка Македонија, или земјата која им даде право на самоопределување и самоидентификација, кој е што е и како се чувствува, но со чесна и честита душа, пред се да си ја доживее, да ја сака или барем да ја почитува Македонија како татковина!

Но , не  брате, никако да влезе во вијугите на неранимајковците, кои од сето кажано ниту М имааат од Македонија како грутка, родна зема или држава која ги прифати со двете рацедавајќи им ги сите благодети!

Loading...

Насловот НЕ КРАДИ, НЕ ЛАЖИ, АЈ МАРШ НА ИЗБОРИ!“ е тотално автентичен според моменталната состојба во која се наоѓаме со овие белосветски манипуланти и политиканти на СДСМ и ДУИ!

ДУИ, компанијата на Али Ахмети, свесно и чекор по чекор смело си чекори по зацртаната патека која ја трасираа налогодавачите и креаторите на оваа апокалиптична приказна или сценарио наречено: Бришење на Македонија по секој основ од картата на народите и атласот на светот!

Зошто ова го велам? Едноставно од објективни причини.

Прво, зборовите Македонија и Македонци, отсекогаш се најсилниот предизвикувач, или алергент за сите креатори на хаосот и бришењето на вистината за Македонија, Македонците и Македонизмот!

Сметам овој текст ќе допре до сите кои во контунуитет му слугуваат и измеќаруваат на рогатиот Сорос и неговата банда. Знаеме, дека Сорос е трабел мејкер или хаос мејкер 

И самиот поранешен американски претседател Доналд  Трамп органски не го поднесува и секогаш се спротивставувал на неговата политика на хаосот и креирање на истиот, наметнувајќи и дефинирајќи “влади“ по негови критериуми, вкус и диктат низ целиот свет, креирајќи секакви сценарија на разнебитување и дефинирање на нови концепти на политика, власт или деструкции во независни демократски и суверени држави и меѓу домородни и достојни народи. 

Се разбира, не сум странски платеник. 

Платеници се оние кои во агресијата против Македонија и Македонците по сите основи и од сите страни, железни опинци облекоа да дојдат до проклетите и проколнатите пари за со полни бродови да заминат чужбинаоштетувајќи ја и уништувајќи ја Македонија. 

Loading...

Се разбира, пулените на Сорос со парите од Македонија во странство, оттаму работат по сценарија да не снема. 

Ќе им возвратиме: демонтажата на државноста на Македонија нема да ја доживеете! 

СДСМ и ДУИ треба да си поднесат оставки на мандатите во Собранието и Владата и марш на избори! 

Веднаш и безусловно заради доброто на државата и нацијата! Со нив, повеќе и вака не оди! Народот веќе виде се’!

Како одговор на сето ова говорат многубројните анкети на разни домашни и странски ,да речам референтни истражувачки пултови, институти.

И жалосно е ако мислиме дека мандат во НАТО добивме поради шарлатанот кој продаде се’!

После 18 позитивни извештаи, полноправното членство во НАТО си го заслужи народот! 18 пати го исполнивме позитивно Акциониот план за влез во НАТО! Или Member Action Plan  18 пати беше оценет со позитивни оценки на АРМ,пред се на македонските војници! So,Wha!

За потсетување: 

Loading...

И за двајцата генерални секратари на НАТО, Хавиер Солана и лордот Џорџ Робертсон, УЧК или ОНА ,а сега ДУИ беа терористи, а не фронтмени за ЕУ или борци за човекови права! Ова не може да се негира!

So, what? Како што знае да каже гуруто на СДСМ, кој 2005 година во една колумна за весникот Дневник, меѓу другото изјави: За името, идентитетот и се останато македонско не смее да се преговара, ниту да се смени… завршен цитат! А, сега како награда си го сместил задникот во фотељата на една од канцалариите во најголемата светска влада  –ООН, или поточно во мисијата на Македонија во Њујорк! Е, моја Македонијо!

Од друга страна имаме еден хомодуплекс политиканти Заев-Ковачевски кои беа телепортирани, од истата кујна каде се крчкаат секакви рецепти за реализација на најконтроверзни проекти, како што се Рамковен Договор, Преспански договор, Бугарски договор, само да не постои Македонија!

Ви се молам, го слушам дигестивниот хирург во МН кој  според негови поранешни колеги и дипломати важи за еден од најнеуспешните министри за надворешни работи на нашата држава, во изминатите децении, бидејќи наместо да ја унапреди Македонија тој ја откри од Атласот на светот и картата на народите и јазиците, порачуваат експертите и аналитичарите!

Едновременонаместо да се ангажира што повеќе да ја промовира Македонијја како колатерална штета на непринципиелните политики на меѓународната заедница во однос на сработеното и врачувањето на многубројните задачи кои ги постави ЕУ кон Македонија, како што се Интервенцијата на НАТО во Косово и СР Југославија (Србија и Црна Гора), Рамковниот договор – реткост во светската политика и меѓународното право за прашањата на човековите права на малцинствата во една држава, потоа територијалната организација (читај поделба) на Македонија, потоа Преспанскиот договор кој не бил обврзувачи ерга омнес односно само промена на акронимот ФИРОМ, а за кој потврдува и самиот медијатор Метју Нимиц, а сега во рамките на креираното сценарио за Македонија и со внесувањето на Бугарите во македонскиот устав на асиметрична основа... Што е многу е премногу за една држава…

Западот е јасен околу ова прашање и, како и Фрчко, вели :”So WHAT? ПА ШТО?“

Loading...

Ние за сето ова дебело наплативме! Кој го прашува народот?

Се разбира на поединците кои денеска шетаат по светот и си ги бројат своите милиони долари и евра по белосветските банки!

Истиот министер, или дигестивен хирург кого народот го прашува дали заедно со поранешен министер за економија од редовите на неговата партија и синот на починатиот политичар од ромската заедница отворија приватни болници на територијата на општина Чаир?

На крајот на краиштата, народот прашува и негодува, дали министерот за надворешни работи на 23 мај 2022 година, на средбата со рускиот пилот Румен Радев во Софија, претседател на Бугарија, самоиницијативно му предложил да бидат ставени Бугарите во македонскиот устав, како што на ,,мускули,,беа внесени Албанците,истакна меѓудругото Османи на средбата Радев-Османи,истакнуваат аналитичарите.

Сите сме сведоци дека имаа изјави кои беа емитувани на сите телевизии во информативните емисии-вести, но за жал новинарите кои се на цицката на СДСМ и ДУИ со децении, мукла, или штама, ниту еден текст или коментар не објавија.

Loading...

Па сега, го слушаме дека фалсификуваниот или нарачаниот попис кој мора под итно да доживее ревизија  сметаат експертите, а според Османи резултатте од ПОПИСОТ потврдуваат дека е време  во пакет со уставните измени да се реши прашањето колку тие 20 проценти за јазикот да се избришат и албанскиот да биде исто така втор државен јазик на Македонија

Се сеќаваме кога министер за надворешни работи вршеш контрола низ градот Скопје и институциите дали се запазува двојазичноста на натписите...

Господине Османи, да ве потесетам, Веницијанската комисија категорично го одби овој наметнат начин или насилнички однос кој го правите заедно со вашата тајфа во Македонија!

Скандалот да биде уште поголем, си играа министрите на ДУИ мал фудбал и кошарка во министерската канцеларијафантомската институција “Прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците“!

За кои заедници мислите господа? Велите Македонија е мулти култи? Дефинитивно е бинационална држава за која катадневно со вашите однесувањаи притисоци го правите или ја имплементирате идејата и сонот на двоецот ГеоргиевскиДимовска до Групчин е Албанијаотаде Групчин Бугарија?

Loading...

Го гледам човекот кој себе се нарекува премиер во сенакаа не е никакво изненадување, неговиот ментор Али Ахмети, го жртвуваше военото крило на ОНА, како што се Изет Меџити, Муса Џафери, кои важеа за сива еминенција на целото ДУИ и Али Ахмети, градоначалникот на Сарај Блерим Беџети и останати. За жал, сето ова е вистина, не е сон, ниту фикција, ова е реалност во реално време кое го живееме!

Народот е заплашен до коска со затворените од наметнатиот или режираниот настан од 27 април 2017 година.

Вели страв лозје чува, но дефинитивно на народот чашата му се прели и дефинитивно е со став и оценка дека повеќе не се издржува, мора да има промени!

Почнав со дел од Библијата, тоа го има и во Куранот – Божјите заповеди, осмата заповед:  НЕ КРАДИ!

Интересно е што Артан Груби, деновиве го гледаме со своите протези, или навлаки расклештено ни се смее на сите, опрчувајќи ја таа осмица на своите гради.

Според нумеролозите бројот 8 значи бесконачост, се мисли на позитивно и убаво за сите, но за жал, во овој случај не за сите ,туку само за Артан, Али, Таче и останатите кои како чело од оваа циркузијада ја стокмија Македонија како држава на криминал, корупција, анархија, башибозук!

Loading...

Никој не е против кородорите.

Тие мора да се градат но, на транспарентен начин и со транспарентен јазик без шверцкомерц или салама политика и дипломатија!

Едновремено, овој коридор е важен и за НАТО. Впрочем, да потсетиме колку милијарди долари беа слеани кон Грција за коридорот кој води во Грција кон базите на јужното крило или короидорот 10.

Тогаш најбезболно и прагматично ќе беше овој кориодор да биде во реализација на Алијансата во целост, а со тоа и сиот надзор и останато ќе беше под нивниот “окулар”, и не ќе имавме ваква, ќе повторам “топтан политика и салама дипломатија“ како што милувал да ја нарече пишман политичарот и потписникот на Преспанскиот договор, поранешниот вицепремиер за европски интеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров.

Еве, еден конструктивен и прекрасен предлог, секако до политичарите, но не за овие, туку за оние кои имаат кичма и достоинство, и тие кои конечно уште утре треба да дојдат.

Loading...

Имено, миротворците, и европските политичари македонски нели ветуваа дека со нашето зачленување во НАТО ќе фрчат странски инвестиции. Кај се тие инвестиции?

Да потсетам, коридорот 8 е од стратешко значење за сите членки на Алијансатанели

Коридорот 8 почнува од Бургас до Драч. И така соросоидот и интригантот Еди Рама со итроштина го понуди Драч за американска база. Тоа е супер, додека Таче, пардон Ковачевски, си купува државно земјиште по едно евро за фотоволтаци и мува не го лази.Наместо и тој и Заев да научеа некоја “лекција”, од Вучиќ или Рама, во делот како се гради државата и се привлекуват тешки и мрсни инвестиции од  светски брендови,тие си купуваа болници, фотоволтаични системи и слично негодува народот!

Освен тоа,за некои неправди,пардон неправедности сторени од нашите стратешки партнери,да не беа лигави,клиентелисти и послушници со свиткани лични,ќе можеа да ја спасат  Македонија, но за жал и натаму се Клименте Такоевиќ…

Арно, но, имајќи го предвид фактот што дел од коридорот 20 безрезервно му беше даден на НАТО, за интервенцијата на Косово и беше речиси целосно оштетено од тешките транспортери на алијансата од граничниот премин Богородица до Јажинце кон Косово, ред е истите наши стратешки пријатели САД и НАТО и да го доизградат.

Без овие бандити  како што ги нарекува опозицијата да прават контрабандаодносно да кријат штетни договори од народот, џомити тие се најевропски ориентирани, а останатите се анти и про руски, заборавајќи дека бизнисмените на ДУИ  беа вклучени во матни зделки со руски капитал и резервите за пасоши на криминалци и непријатели на САД, нашиот стратешки партнер.

И едно најинтересно што можеше да се регистрира, имавме епизода“ кога курсаџијата Таче им се налутил на Бугарите. Од друга страна експресно му одговорил претседателот на Бугарија Радев во свој стил.

Од друга страна, дигестивниот хирург да го извади пред заграда дека за него не се однесувало, и конечно како пренесуваат медиумите дека, Премиерот Ковачевски виде не виде реши да поднесе оставка но, командантот, пардон спикерот Џафери му забрани

Е, така е кога си ставен во скут, како што беше муртинецот и затоа нивниот камарат Аца Станковиќ суфлерот ќе му шепне на Ковачевски како ќе одела соработката со новата влада, Ќе рече – Како и досега

Останува единствената порака на народот, врзано со осмиот Божји закони НЕ КРАДИ, и осмицата на Груби со тајфата во оркестрација на Таче:

НЕ КРАДИ, НЕ ЛАЖИ, И АЈ МАРШ НА ИЗБОРИ!

Изнесените ставови во колумната се лични ставови на авторот.