Семејството во чиј двор се отвори дупка во Куманово, го напуштило домот во страв (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Дупката е голема, како вграден бункер“, вели Салвер Азировиќ во чиј двор во населбата Перо Чичо во Куманово, вчеравешер пропаднала земја во дупка длабока пет до шест метри.

Loading...

Дупката вчеравечер ја забележала Кумрија Азировиќ, која веднаш влегла во домот и го информирала својот сопруг, но бидејќи не знаеле за што станува збор преку соседот ги известиле надлежните служби.

– Вчера соседот пријавил во општината и дојдоа во девет часот навечер, ја погледаа дупката и рекоа дека ќе дојдат. Не знаеме што ќе биде, голема е многу, како да е вградена некако, тоа е бункер или не знам, од природа можеби. Ова е наша куќа, живееме со жена ми и со децата, вели Азировиќ.

Семејството во страв од ширење на отворот го напуштиле својот дом и заминале кај своите родители.

Но, дупката како што велат не настанала сама, туку изгледа како да ја правел човек.

– Јас го имам овој плац од 1993 година, колку сме работеле тука ништо не се случило, сега чистевме и одеднаш падна, вели Азировиќ.

Loading...

Што точно претставува дупката засега е непознато, но од општината велат дека најверојатно станува збор за скривници на поранешната Југословенска народна армија и внатре има два крака, кои водат кон железничката пруга во населбата Перо Чичо.

– На самото место направени се мерења и сликање на отворот и е констатирано ЈП „Водовод“ да постави бариери – прегради со забрана на движење во тој потег бидејки земјиштето има интенции за поголеми одронување во пречник од околу 4 до 5 метри, информираат од Општина Куманово.

Во понеделник ќе се одржи и вонредна седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се преземат конкретни мерки за понатамошната активност за спречување и отстранување на опасноста.

Leave a Reply