На момците на градилиштето не им е лесно да гледаат ситна русокоса во близина како натрупува цигли, една врз друга. Па таа ги измазнува, ги проверува со васерага и продолжува задоволна.
View this post on Instagram
Дарси Ричардс (26) од Олд Бакенхем во Велика Британија вели дека не е секогаш удобно, особено кога има „паметни момци“ кои мислат дека за жената нема место на градилиште.
Некои ѝ велат дека „не е доволно силна за оваа традиционално машка работа“, а има и такви кои се осмелуваат да и кажат дека „оваа работа ја прави непривлечна“.
View this post on Instagram
Иако не е лесно да се биде жена на работа во која доминираат мажи, оваа поранешна келнерка е висока само 158 сантиметри.
– Да се биде жена и да се занимаваш со овој занает е навистина тешко. Тоа не е тип на работа каде што можете само да се појавите и да се дружите цел ден. Тоа е напорна работа. Но, да се биде жена во овој бизнис може да биде и исклучително предизвикувачки – рече таа и додаде дека нема да се откаже поради злобните коментари бидејќи навистина ја сака работата.
View this post on Instagram
Многу жени ѝ се јавија и ѝ рекоа дека е голема инспирација. Имаше и неколку мажи кои исто така ја поддржаа и рекоа дека е навистина убаво да се видат неколку жени на градилиштето.
View this post on Instagram
– За среќа, позитивното ги надминува негативните коментари во стотици илјади. Кога ќе се појави лош коментар, тоа е секогаш од маж. Кога ќе видат девојка во оваа професија, мислат дека тоа е патетично или само сакам внимание. Таквите коментираат дека не сум доволно силна за таа работа затоа што сум мала или ми велат дека сигурно сум премногу бавна – додала таа.
View this post on Instagram
– Кој би знаел дека чизмите со челично капаче можат да бидат толку секси – се пошегува таа и забележа дека на некои момци им се допаѓа кога ќе ја видат облечена во униформа од градилиштето.
View this post on Instagram
Инаку, жените сочинуваат само 14 отсто од градежната работна сила во Велика Британија, пренесува The Sun.
View this post on Instagram