Секој петти Американец дома не зборува англиски

Сподели со своите пријатели

Бројот на жители на САД кои дома зборуваат јазик различен од англискиот се зголемил речиси тројно помеѓу 1980 и 2019 година, според податоците на Бирото за попис.

Loading...

Денес, речиси 68 милиони луѓе живеат во САД, т.е. речиси секој петти американски граѓанин дома зборува јазик различен од англискиот, додека во 1980 година тој број изнесувал 23 милиони.

„Тоа ни кажува дека Америка е разновидна земја. Добро е што не се зборува само англиски бидејќи тука има многу имигранти“, вели Дина Арид, мајка на три возрасни деца од Калифорнија, која исто така зборува арапски дома, пренесува Гласот на Америка.

Арапскиот е еден од петте најзборувани јазици во САД, и Арид, која зборува главно англиски со своите деца, вели дека се обидува да ги научи да зборуваат барем малку арапски.

Шпанскиот е убедливо најпопуларниот втор јазик во САД и го зборуваат повеќе од 41 милион луѓе, 12 пати повеќе од другите најчесто користени втори јазици во американските семејства.

Хиспанците се најголемата малцинска група во САД, но повеќе од половина, 55 отсто, се родени во Соединетите држави.

Други јазици кои спаѓаат во групата на најзастапени во САД се кинескиот, филипинскиот и виетнамскиот.