Седум декари жито изгореа во пожар во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Седум декари површина засадена со жито во селото Старо Нагоричане вчера изгоре во пожар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Пожарот настанал околу пладне, а пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане на терен излегле во 12:20 часот.

Со едно противпожарно возило, двајца пожарникари и седум мештани, огнот успеале да го стават под контрола околу 13:40 часот.

Причината за настанување на пожарот и висината на настанатата штета засега не се познати.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило