Сè повеќе луѓе во Калифорнија ги оставаат своите багажници отворени, еве зошто (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Паркиран автомобил со отворен багажнике се почеста појава во Калифорнија.

Loading...

Минатата недела снимката од два паркирани теренци со отворен багажник стана вирална, со што се доби впечаток дека се работи за нов тренд. Локалните власти им сугерираат на сопствениците на автомобили да не го прават тоа.

Имено, причина за ваквиот тренд е се поголемиот број на кражби на автомобили. Затоа, сопствениците го оставаат багажник отворен за да им кажат на провалниците дека нема ништо вредно во автомобилот. Тие сакаат да кажат дека нивниот автомобил не вреди да се вложи труд околу кражбата за да се најде некаква потенцијална вредност. Истото го потврди и еден од сопствениците на теренецот за Inside Edition, велејќи дека сакал да покаже дека кабината е целосно празна.

Полицијата во Сан Франциско истакнува дека тоа е погрешен пристап и дека „многу работи можат да тргнат наопаку.“ Една од можностите е сопственикот да оставил некои документи во патничкиот простор, кои секој провалник може да ги земе без никакви проблеми.

Кражбите во возила годинава се зголемени за дури 32%, додека другите податоци покажуваат дека овогодинешниот пораст и понатаму е висок и изнесува 27%.

Полицијата предлага сопствениците да пријават доколку видат сомнителни лица и согласно пријавите ќе организираат полициски патроли. Засега немаат други средства за борба против овој вид криминал.

 

Loading...