Се појави снимка од инцидентот над Црното Море: Вака руски ловец собори моќен американски дрон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американската војска објави снимка од руски борбен авион кој соборува американско беспилотно летало над Црното Море.

Loading...

На видеото јасно се гледа конфликтот во воздухот, кој, според Пентагон, траел околу 40 минути, пишува Eucom.

Да потсетиме, вчера за прв пат откако Москва ја нападна Украина, американски и руски авиони дојдоа во директен физички контакт.

Имено, руски борбен авион над Црното Море собори американско беспилотно летало MQ-9 Ripper – оружје кое првенствено се користи за разузнавачки цели.

MQ-9 Reaper, според американските власти, извршувал рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога руски авион Су-27 намерно почнал да лета пред него и фрлил гориво врз него.

Авионот потоа удрил во пропелерот на дронот, што ги натерало американските сили да го соборат.

 

Loading...