Се одржа првата вечер од Меѓународниот фестивал на прозата (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва беше отворено првото издание на „Меѓународниот фестивал на прозата“.

Loading...

 

 

Тема на првата фестивалска вечер беше „Женското писмо и Балканот“.

– Многу сме среќни што дојдовме од идеја до реализација на овој фестивал. Во првата фестивалска вечер учествуваат Јорданка Белева, Оливера Ќорвезироска и Лејла Каламујиќ,  тоа се авторки со реноме во нивните држави и се надеваме на интересна фестивалска вечер. Во првата вечер ќе се зборува за женското писмо и жената на Балканот, така да очекувам голем интерес од публиката, изјави директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

 

Loading...

 

Како што појасни Тодоровски втората вечер ќе доминираат домашните автори и на истата седум до осум автори од Македонија ќе ги читаат своите прозни дела.

– Се надевам дека овој фестивал ќе биде еден од новите темели на Центарот за култура со кој Куманово и ние како Центар за култура ќе можеме да се гордееме, додаде тој.

 

 

Авторката Лејла Каламујиќ, која веќе има присуствувано на слични настани во целиот регион, вели дека темата е многу значајна и ваквите настани се многу важни.

– Книжевните фестивали станаа место за собирање и размена на искуства и познанства и најдобар увид во она што колегите и колешките во регионот го прават. Тука дојдов откако имам објавено три збирки кратки приказни и книга драма, драго ми е што вечерта е посветена на кратката проза, така да мислам дека и за тоа најмногу ќе разговараме за книжевноста која ја пишуваат жените и кратката книжевна форма, изјави авторката Каламујиќ.

Loading...

 

 

Фестивалот го отвори секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски, а истиот е под финансиско покровителство на Министерството за култура и локалната самоуправа.

Втората фестивалска вечер ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски