Се одложува претставата „Чекајќи го министерот“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Чекајќи го министерот“ со Лидија Вукичевиќ во главната улога, се одложува.

Loading...

Претставата утре требаше да биде одиграна на сцената во кумановскиот театар од 19 и 21 часот.

Бидејќи се очекува попладнево во 13 часот на вонредна седница на Советот на Општина Куманово, утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост по трагичниот настан во Романовце, каде четири лица загинаа, претставата се одложува, информираат од Театар Куманово.

-Почитувана публико поради тоа што 25 февруари е прогласен за Ден на жалост во Куманово, заради несреќата која им се случи на нашите сограѓани од с.Романовце. Ве информираме дека претставата „Чекајќи го министерот“ закажана за утре 25.02.2020г. се одложува за 28.02.2020г. со почеток од 19 и 21.00ч. Воедно упатуваме сочувство до семејството на починатите. Ви благодариме на разбирањето, стои во соопштението на кумановскиот театар.

Никола Ивановски

Leave a Reply