Лидија Вукичевиќ со „Чекајќи го министерот“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Хит-комедијата „Чекајќи го министерот” со Лидија Вукиќевиќ, ќе биде одиграна на сцената на кумановскиот театар кон крајот на февруари.

Loading...

Станува збор за урнебесна комедија, напишана од Семир Гициќ, а во режија на Марија Пушкаров Поповиќ. Се работи за чудна приказна за три лица кои неочекувано се најдоа на едно место, во истата прилика, но со различни цели…

…Новиот сопственик на таверната, Бранислав Загуз, наоѓа празен и трошен објект и бидејќи има вечера закажана со министерот, се соочува со невозможна мисија. Во прилог на тоа е и незаинтересираноста на вработената келнерка да учествува во уредувањето на објектот, кој треба да биде подготвен за пристигнување на министерот.

Сите договори за евентуалното отворање на таверната и полемиките околу цајтунгот доведуваат до расправијата меѓу келнерката Лидија Матијевиќ и новоангажираниот дизајнер на ентериерот Марио Стајлер. Улогата на миротворецот во овој случај ја презема Братислав, кој постојано ги поттикнува да ги продолжат подготовките…

Главната улога во преставата ја игра мега популарната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, како и познатиот актер Семир Ѓичиќ и македонскиот актер Сашо Ристовски, директорот на Театар „Комедија“.

https://www.instagram.com/p/B55yNS2HKh6/

Покрај Куманово претставата ќе се одигра и во Охрид, а закажни се и други гостувања во Македонија, Србија и пошироко.

Никола Ивановски

Leave a Reply