Се обновуваат училниците во кумановската Гимназија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тек е обнова на десет училници и дел од ходниците во СОУ Гимназија „Гоце Делчев”, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Во меѓувреме паралелно со реконструкцијата на просториите, поставен е и лифт за лица со попреченост.

 

 

Loading...

Кумановската гимназија доби целосно нов лик откако првин беше поставена нова фасада на објектот, а потоа беа реконструирани подови во училниците, како и училишната спортска сала.

 

 

Во меѓувреме беше набавена нова опрема како клупи и столови и предмети за кабинетската настава, а беа реконструирани и подрумските простории на училиштето каде има фитнес центар и теретана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

 

 

Loading...

Од мај годинава Гимназијата „Гоце Делчев“ произведува и струја со помош на фотоволтаици кои беа поставени на покривот на објектот.

Никола Ивановски