Се реконструираат подрумските простории во кумановската гимназија

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкцијата на подрумските прострии во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Подрумските простории ќе се реконструираат во финтес центар и теретана која ќе ја користат учениците.

 

 

-Во тек е реконструкција на подрумските простории на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ со цел, уредување на нов фитнес-центар и теретана за учениците во средното училиште, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

Loading...

 

Претходно, заврши реконструкција на подови на 30 училници во гимназијата. Воедно, набавени се и клупи и столчиња за сите училници, поставени се сончеви завеси, набавени се професионални машини за чистење на подовите.

Како што претходно соопштија, за реконструкција на подовите на 30-те училници од буџетот на општината одвоени се три милиони денари. Со друг тендер исто така преку општината со три милиони денари се реконструираат подрумските простории кои досега не се користеа.

 

 

Летово заврши обемната реконструкција на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ Целосно е реконструирана фасадата на училиштето, санацијата на одвоениот објект, училишна спортска сала.

Во гимназијата настава последната учебна година следеа 950 ученици.

Loading...

МИА