По повод Денот на македонскиот литературен јазик, на 5 мај во Занаетчиски дом ќе се одржи свечена академија во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Со настанот ќе бидат одбележани 81 година од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, еден од најзначајните датуми за македонската културна и јазична историја.
Свечената академија ќе ја отвори македонската писателка Оливера Ќорвезироска, годинашна авторка на годината и добитничка на наградата за роман на годината за книгата Три Марии.
Во рамки на пригодната културно-уметничка програма ќе настапат ученици од општинските основни и средни училишта, кои учествуваа на литературниот конкурс организиран по повод 5 мај – Денот на мајчиниот јазик.
Свечената академија ќе започне во 12 часот, а организаторите упатуваат покана до сите љубители на македонскиот јазик и литература да бидат дел од одбележувањето на овој значаен ден.
Никола Ивановски

