Кумановската Гимназија започна да произведува струја

Сподели со своите пријатели

Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ од вчера започна да произведува електрична енергија со поставените фотоволтаици на покривот на училиштето.

Loading...

Гимназијата ќе може да оствари максимална заштеда на потрошувачката на електрична енергија откако претходно беше реконструиран покривот, а целиот објект доби нова енергетско-ефикасна фасада и ПВЦ прозорци.

 

 

Општина Куманово претходно обезбеди фотоволтаици за четири средни училишта во градот, а освен кумановската Гимназија, сопствено производство на електрична енергија ќе имаа и „Наце Буѓони“, како и двата објекти на средното стручно училиште „Перо Наков“.

Средствата беа обезбедени преку буџетот на Општина Куманово со цел да се заштедат трошоците за електрична енергија кои енормно скокнаа со светската финансиска криза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Во своите претходни изјави градоначалникот Максим Димитриевски најави можност фотоволтаици да бидат поставени и на некои од основните училишта и други институции, но таквата инвестиција, потенцираше, е скапа.

Loading...

– Доколку имаме средства и доколку би имале средстава ние би поставиле фотоволтаици на сите јавни објекти и институции во градот под надлежност на општината. Но, сепак се работи за скапа инвестиција, изјави тогаш Димитриевски.

Никола Ивановски