Две лица му го запреле „мерцедесот“ на кумановец па го натепале

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец бил физички нападнат откако првин две лица принудно го запреле возилото што го управувал.

– На 29.04.2026 околу 23:00 часот Ф.А. (40) од Куманово пријави дека додека се движел со неговото патничко возило „мерцедес“, бил принуден да застане, по што од друго возило излегле две лица и физички го нападнале, при што употребиле и тврд и остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  10 хектари букова шума запалена во липковско