Почна поставувањето на нов систем за греење и ладење во Спортската сала во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово започна со поставување нов систем за греење и ладење во градската Спортска сала, инвестиција со која значително ќе се подобрат условите за одржување на спортски натпревари, тренинзи и други активности.

 

 

За почетокот на работите информираше градоначалникот Максим Димитриевски, посочувајќи дека станува збор за важен инфраструктурен проект за модернизација на спортскиот објект.

 

 

Според договорот за јавна набавка, проектот опфаќа поставување нова машинска и техничка опрема, инсталација на системи за загревање, вентилација и придружна инфраструктура, со цел салата да добие поефикасно затоплување во зимскиот период, но и подобра вентилација и регулирање на температурата во текот на целата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска на планините и снег. Температурата во опаѓање пред предолжениот викенд

 

 

Рокот за реализација на работите е 60 дена од воведувањето на изведувачот во работа.

 

 

Со оваа инвестиција, Спортската сала во Куманово се очекува да добие современи услови за спортување, што ќе придонесе за поквалитетна подготовка на спортистите, подобри услови за натпревари и поголема енергетска ефикасност на објектот.

 

 

Проектот е финансиран од Владата, преку вториот јавен повик за поддршка на инфраструктурни проекти, а вредноста на инвестицијата изнесува 52,8 милиони денари со вклучен ДДВ.

 

Никола Ивановски