Се обиде да симне папагал од кровот, но тој не му остана должен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на лондонската противпожарна бригада биле повикани на помош кога еден папагал излетал од куќата на своите сопственици во предградието Едмонтон и по краток лет одлучил да атерира на кровот.

И покрај тоа што од кровот не се симнал цели три дена, сопственици не сакале да го вознемируваат надевајќи се дека нивниот миленик во некој момент ќе слета. Кога веќе изминало толку време, а папагалот не сакал да се врати назад во куќата повикале пожарникари на помош.

Кога пожарникарите се качиле на кровот и стигнале до птицата, која инаку зборува и има голем фонд на зборови, доживеале прилично непријатен пречек.

Паметен папагал со една реченица ја сместил во затвор својата сопственичка (видео)

Loading...

Сопствениците на пожарникарите им објасниле дека можат да го натераат да се спушти ако му кажат: „Те сакам“, на што тој обично возвраќал со „Те сакам и јас тебе“.

Меѓутоа, кога еден од пожарникарите му рекол дека го сака, папагалот му одговорил со пцовка и потоа одлетал на друг кров.

Набргу прелетал на дрво во близината, а пожарникарите се откажале од понатамошно ловење и го пуштиле папагалот да ужива.

Leave a Reply