Паметен папагал со една реченица ја сместил во затвор својата сопственичка (видео)

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Глени Дурам (49) од американската сојузна држава Мичиген има одредена доживтна затворска казна поради убиството на сопругот, а главен сведок на обвинителството бил домашниот папагал.

Глена испукала пет куршуми во сопругот Мартин Дурам, а потоа се обидела да се убие.

Истрагата не можела да ја докаже нејзината целосна вина и Глена веројатно би избегнала затворска казна да не бил папагалот Бад.

Првата жена на Мартин и уште некои членови на семејството слушнале како папагалот го имитира гласот на убиениот и ја повторува реченицата во која бара од жената да не пука.

Како наведува „Дејли мејл“ за време не судењето одбраната тврдела дека Глена во моментот на убиството била во состоба со мала пресметливост, но дека судот одлучил да ја испрати на доживотна робија.

Сведокот на убиството, папгалот Бад е вид на африкански сив папагал по име „жако“, познат по извонредната способност на имитација на говорот.