Се менува паркетот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово ќе добие нов паркет, кој веќе се поставува деновиве.

Loading...

Додека се чекаат подобри временски услови за старт на реконструкција на градската спортска сала, овој училишен спортски објект е од витално значење за спортот во градот.

 

 

Го користат не само средношколците од економското училиште, туку и сите спортски клубови кои се натпреваруваат во домашни и меѓународни клубски натпреварувања.

 

Loading...

 

Според неофицијални информации од спортските клубови, реконструкцијата треба да заврши за неколку дена, а први кои ќе го испробаат новиот паркет, ќе бидат кошаркарите кои до крајот на месецот треба да одиграат повеќе натпревари во домашната и балканската лига.

Никола Ивановски

Leave a Reply