Се допишувала со момче 10 години, па ја дознала вистината: Блиска личност ѝ го уништила животот!

Сподели со своите пријатели

Кират Аси (42) од Лондон почнала да се допишува со маж уште во 2009 година.

Loading...

Се започнало кога на Фејсбук добила порака од поранешното момче на нејзината братучедка кој побарал совет како да ја обнови врската со неа.

Се зближиле, пет месеци се допишувале, а потоа починал. Братучедката Симран Богал потоа ѝ ја дал адресата на е-пошта на неговиот наводен брат Боби за да изрази сочувство. Подоцна си размениле профили на социјалните мрежи.

 

 

Боби бил доктор кој живеел во Австралија, а тој и Аси брзо се заљубиле еден во друг. Тие комуницирале секој ден и постојано ја договарале првата средба во живо, но секој пат кога ќе излезело нешто – од страната на Боби. Еднаш дури рече дека имал срцев удар и дека завршил во болница, а секогаш кога Кират го испрашувала подетално за неговиот живот и причините поради кои не можеле да се најдат, почнувал да се заканува со самоубиство.

Годините минувале и колку и што на Кират и се допаѓало неговото внимание и разговори, таа решила да ангажира приватен детектив за да дознае повеќе за него. Истрагата траела со месеци, а беа вклучени многу сведоци, дури и човек на кој му биле украдени фотографиите и целиот идентитет. Боби навистина постои, но тој не бил зад тастатурата и со години се допишувал со Кират, туку тоа било лице блиско до неа.Детективите ја шокирале кога откриле дека сето тоа го направила нејзината братучетка.

Loading...

 

 

„Ова влијаеше на моето здравје, семејството, пријателите, социјалниот живот, кариерата… Ми го уништи животот и ме однесе десет години“, вели Кират. Според Дејли Мејл, ова е еден од најсложените и најдолготрајните случаи на лажно претставување на Интернет.