Се чистеше околу ОУ „Кочо Рацин“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Волонтерите на здружението Кумановски акцијаши, заедно со вработените во јавното претпријатие Чистота и Зеленило, денеска го уредуваа просторот околу основното училиште Кочо Рацин. Традиционално секоја сабота, здружението и јавното претпријатие организираат акции за уредување и озеленување на јавни зелени површини. Со акцијата се одбележува и 22-ри април Денот на планетата земја, како и три години од функционирањето на Кумановски акцијаши.

Loading...

-Со јавното претпријатие Чистота и Зеленило соработуваме веќе три години практично во овој период изведовме 98 заеднички акции. Оваа година имаме предвидено уште 43 постојано секоја година таа бројка расте и се надеваме со заеднички сили ќе успееме да го дадеме својот придонес за почисто Куманово. Поканив 11 здруженија кои за жал велат дека се загрижени за состојбата на животната средина во Куманово но еве веќе во континуитет од 25-ти февруари годинава постојано ги каниме на нашите акции но ги нема-нагласи Јусуф Љатифи од Кумановски акцијаши.

Директорот на јавното претпријатие, Сашо Петрушевски посочи дека во моментов освен на вакви акции, вниманието е насочено и кон нови насади. Претходниот месец се насадени околу 600 нови садници. Стручните служби секојдневно прават проценки за обнова на нови засади на јавни површини или уредување на веќе постоечките.

-Сега е период кога расте тревата бидејќи кишниот период е помош и ја храни тревата она што е акцент сега во овој период на одел зеленило во овој период на јавното претпријатие да се справиме со сите тревни површини кои се во програмата на јавното претпријатие а во саботните акции и вон програмата за да дадеме придонесе куманово во овој дел од годината биде искосено и во дел каде што има зелени површини да биде средено-нагласи Петрушевски.

Наредната акција е планирано да се одржи веќе наредната сабота, на 28-ми.

Loading...

 

 

 

Leave a Reply