СДСМ ги осудува заканите кон претседателката и членовите на Советот на општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Општинската организација на СДСМ Куманово ги осудува заканите кон претседателката и членовите на Советот на општина Куманово и бара институциите да постапат согласно законите.

Loading...

– Недозволиво е поединци да шират говор на омраза, да повикуваат на насилство и да се закануваат по живот кон лица кои ги спроведуваат законите во Република Северна Македонија. Оттука, ги повикуваме институциите, согласно своите надлежности и законите, да се вклучат во откривање и санцкионирање на лицата кои се закануваат кон членови на Советот, стои во писмената реакција од партијата.

Истовремено, од партијата апелираат до сите политички партии да се воздржат од дејствија што имаат за цел да подгреваат тензии и да испровоцираат недолично однесување на поединци.

Leave a Reply