Закани по животот кон претседателката на Советот Атина Мургашанска

Сподели со своите пријатели

Закани по својот и животот на семејството добила претседателката на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска, откако вчера на дневен ред се најде точката за нацрт измени на Статутот на Општина Куманово, каде на сите места каде се споменува името Република Македонија, ќе се додаде зборот Северна.

Loading...

На 30та седница на Советот на Општина Куманово која започна вчера, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ побара повлекување на оваа точка со образложение дека немале можност навремено да го разгледаат материјалот, но мнозинството одлучи дека до тоа нема да дојде.

Советниците од опозицијата ја напуштија седницата

Денеска опозициските советници ја напуштија седницата додека се разгледуваше оваа точка, а претседателката на Советот Атина Мургашанска рече дека опозицијата со политички провокации потикнувале вознемирност кај граѓаните и нивни прврзаници на неа и нејзиното семејство и упатувале закани по живот.

– Заканите не придизвикуваат страв и нервоза, ние ќе продолжиме поантаму, упатувам апел за соживот, дорба атмосфера меѓу граѓаните, да се прекине со вакви провокации, а се разбира доколку не престанат ќе се преземат мерки соодветна постапка бидејќи сега можат апсолутно да се откријат, попусто лажни профили, тајни закани во инбокс и месинџер, многу лесно можат да се откријат, ова не е закана туку апел до сите, и до колегите од опозицијата доколку имаат влијание кај нивните приврзаници да не го нарушуваат мирот и редот во работата на Советот, рече Мургашанска.

фото: архива

Loading...

Ваквата одлука за нацрт измени во Статутот, подоцна ќе оди и на јавна расправа, па повторно ќе се гласа во Советот.

Одлуката беше изгласана и со апсолутно мнозинство, но и по бадентеровото, иако во процесот на гласањето не учествуваше опозицијата, која уште од вчера на оваа рекордно долга сединца на своите компјутери излепи симболи од Сонцето од Кутлеш.

Освен што се менува името на државата, во Статутот се вметнува и член кој ќе овозможи секој граѓанин, без потреба да собира петиции од сограѓаните, да прелдожи акти во надлежност на Советот кои тие ќе можат да ги разгледуваат на седниците.

Leave a Reply