Санкциониран возач со 4.07 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Стружанец денеска влезе во неславните рекордери откако полицијата му измери над четири промили алкохол во крта.

Loading...

– Денеска (26.12.2022) во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга го санкционираа возачот К.Б. бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4.07 промили на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега