Само 8 кумановци од почетокот на годинава добиле награда од МојДДВ

Сподели со своите пријатели

Само осум граѓани на Куманово кои скенирале сметки преку апликацијата МојДДВ добиле од дневните награди кои се доделуваат преку Државната лотарија.

Loading...

Вкупно сите заедно добиле 13.000 денари, а во периодот од 1ви јануари до 2ри февруари, според нашите пресметки вкупно за дневните награди од државната каса биле исплатени 627.000 денари.

Тоа значи дека кај граѓаните на Куманово заврише скромни 2% од наградниот фонд.

25.01.2020 Сашо Стојковски 2.000 денари
06.01.2020 Катарина Величковска 1.000 денари
05.05.2020 Марјан Ристиќ 2.000 денари
03.01.2020 Душанка Величковска 2.000 денари
02.01.2020 Џељадин Шенаси 2.000 денари
01.01.2020 Славица Јанчиќ 2.000 денари
01.01.2020 Павлина Димковска 1.000 денари
01.01.2020 Ангела Јосковска 1.000 денари
  ВКУПНО:              13.000 денари

Ваквите награди се доделуваат секојдневно, а извлекувањето го врши Државната лотарија на Македонија, при што се доделуваат три награди од по 3.000 денари, три од 2.000 денари и четири награди од по 1.000 денари.

Малата застапеност на кумановци на листата наградени, значи дека или не скенираат доволно или едноставно немаат среќа.

Инаку неделава започна исплатата за второто тримесечје од проектот, односно за фискалните сметки кои преку апликацијата се скенирани во октомври, ноември и декември.

Leave a Reply