Само 415 гласачи од Куманово досега го регулирале избирачкото право

Сподели со своите пријатели

Само 415 гласачи од Куманово до сега се пријавиле до Државната изборна комисија со цел да си го регулираат гласачкото право за претсојните предвремени парламентарни избори.

Државната изборна комисија по теренските и вкрестените проверки констатираше дека во Куманово, со спорно право на глас беа 2.075 гласачи од вкупно 90.460 колку што имаат право на глас. Поголемиот дел од нив беа од албанска националност најчесто заведени дека живеат на улиците „Б. Б. Гуцман“ или „Моша Пијаде“.

Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува за два дена, поточно во петок. Дотогаш граѓаните кои сакаат да го регулираат избирачкото право можат да се обратат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, кои ќе работат до 19:00 часот, или тоа да го направат преку апликацијата на веб страната на Комисијата, која ќе биде отворена до полноќ. Регулирањето ќе може да се направи и кога списокот ќе биде доставен на јавен увид пред одржувањето на изборите.

Инаку најмногу пријавени гласачи, кои потврдија дека не се „фантоми“ има во општините Чаир – 833, Сарај – 471, Тетово  -422, Куманово – 415 и Кичево – 311.

 

Loading...