ДИК пронајде спорни гласачи и во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од вкупно 90.460 регистрирани гласачи на ниво на Општина Куманово, според Државната Изборна Комисија и резултатите добиени од проверките на избирачките списоци, како што стои објавено, 2075 лица од оваа општина се водат на листата на спорни гласачи, објави ДИК.

Според ДИК, од вкупниот број на гласачи на ниво на државата, дури 39.502 лица се регистрирани како спорни гласачи кои сами треба да го проверат своето гласачко право во местата во кои се регистрирани како гласачи, наведува Државната Изборна Комисија.

Тоа што се забележува во листата на ДИК за Општина Куманово е дека повеќето од спорните гласачи се од албанска и ромска националност, но и Македонци, најчесто заведени дека живеат на ул. Б. Б Гуцман или ул. Моша Пијаде.

Листата на ДИК е ставена на јавен увид и сите граѓани кои сакаат да проверат дали се или не се наоѓаат на спорната листа, тоа може да го сторат во следните 25 дена односно да се пријават во ДИК и да се запишат во Избирачкиот список.

Loading...

Освен на официјалната веб-страница на ДИК, списокот е објавен и во подрачните одделенија на ДИК и во месните канцеларии на Министерството за правда, односно Управата за водење матични книги.

Пријавувањето ќе се врши лично, со лична карта или пасош, во ДИК или во подрачните одделенија и во дополнителните одделенија на ДИК секој ден од 8.30 до 19 часот од денеска до 19 август.

По истекот на овој рок, ДИК ќе има уште 10 дена на располагање за да може да направи дополнителни контроли или лично да контактира со гласачите.