Само 0,2 степени го делат светот од црвениот аларм

Сподели со своите пријатели

Одредени земји беа погодени од ледениот бран, кој отиде до крајности во Скандинавија. Во Шведска се измерени минус 40 степени, додека САД ги опустоши невреме со дожд и снег, а на југот од земјата беснее торнадо.

Loading...

Сепак, според прогнозите на научниците, глобалното затоплување во 2023 година достигна 1,48 степени целзиусови и тоа, најтоплата година во историјата, го доведе светот до критичен климатски праг.

Минатогодишната анализа потврди дека 2023 година била најтоплата досега, но податоците покажуваат алармантен скок на затоплувањето во споредба со 2016 година, која беше најтоплата година досега.

Во 2023 година просечната глобална температура изнесуваше 14,98 степени целзиусови, што е за 0,17 степени над претходниот рекорд, додека затоплувањето во светските океани достигна и нов максимум, пишува CNN.

Научниците постојано предупредуваат дека светот е опасно блиску до границата од 1,5 степени.

Во анализата објавена од агенцијата за мониторинг на климата на ЕУ, Коперник, се наведува дека глобалното затоплување може да се влоши на почетокот на оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Сепак, научниците се повеќе загрижени за долгорочната состојба на затоплување од 1,5 степени и повеќе, бидејќи тогаш многу екосистеми ќе се борат да се прилагодат и летните горештини ќе се влошат.

Екстремно високите температури кои беа забележани во 2023 година беа предизвикани првенствено од климатските промени, а дополнително беа влошени од климатскиот феномен Ел Нињо.

Loading...

„Шок е што оваа година без сомнение го собори глобалниот температурен рекорд. Надминувањето на претходниот рекорд за 0,17 степени треба да биде аларм за сите“, вели Бил Колинс, професор на Универзитетот во Ридинг во Велика Британија.

Речиси секој ден во 2023 година, просечната температура била најмалку еден степен повисока од температурата во прединдустрискиот период (1850-1900), вели Коперник.

Глобалните температури постојано се зголемуваат од 1970-тите, додека за прв пат во 2015 година не беше надминат еден степен на глобално затоплување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Влета со багер и ја собра пејачката: Дали е ова најлудата снимка од свадбена веселба? (ВИДЕО)

Беа потребни само осум години да скокне уште половина степен над прединдустриските нивоа.

Експоненцијален раст на температурите

Надминати се и другите прагови – два дена во ноември беа потопли за повеќе од два степени отколку што е вообичаено за тој период од годината.

Секој месец во 2023 година, помеѓу јуни и декември, беше најтопол досега, особено јули и август.

Со оглед на рекордниот пораст, не е толку изненадувачки порастот на температурата од 1,48 степени, туку темпото на климатските промени.

Наместо да се менуваат линеарно, климатските промени се менуваат експоненцијално, рече Лиз Бентли, директор на Кралското метеоролошко друштво на Обединетото Кралство.

Loading...

Податоците од Коперник покажуваат дека просечните годишни температури на воздухот биле или најтопли или скоро најтопли досега во сите океански басени и сите континенти освен Австралија.

Океаните исто така станаа невообичаено топли во 2023 година. Температурите на површината на морето беа 0,44 степени над просекот за периодот помеѓу 1991 и 2020 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паркинг место во Амстердам се продава за рекордни пола милион евра

Главниот фактор за топлината на океанот е загадувањето од фосилните горива, но и Ел Нињо, кој започна во јули.

Повисоките температури на морската површина може да доведат до посилни урагани, тајфуни и тропски циклони.

На крајот на најжешката година досега, речиси 200 земји претставени на самитот COP28 во Дубаи се согласија да придонесат за глобалната транзиција од фосилните горива, главната причина за климатската криза.

„Екстремите што ги видовме во последните неколку месеци се драматично сведоштво за тоа колку далеку сме сега од климата во која се развива нашата цивилизација. Ова има длабоки последици за Парискиот договор и сите човечки напори. Ако сакаме да бидеме успешни во борбата против климатските ризици, мора итно да ја декарбонизираме нашата економија користејќи климатски податоци и знаење за да се подготвиме за иднината“, рече Карло Буонтемпо, директор на Службата за климатски промени Коперник.