Сакав да бидам забавна мајка и на син ми му купив боички што се „мијат“ – погледнате ја мојата бања сега! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сакав да бидам забавна мајка, па на син ми му купив боички за и сега не можам да ги исчистам, се жали една мајка, која како и сите други сакаше само да ја поттикне креативната страна на своето дете. Кејт Реган сподели видео на ТикТок во кое објаснува како му купувала пастели  на својот син, но останала лута кога не можела да ги „симне“.

Loading...

Мајката на две деца, Кејт, сподели видео, кое стана вирално со повеќе од милион прегледи, во кое вели дека купила комплет нетоксични пастели од пчелин восок на Амазон за детето да може да ги користи во када. Боичките требало да се перат, па го пуштила синот да црта по бањата и ѕидовите. Но, по немилиот настан таа набрзо сфатила дека не е лесно да ги измие како што пишува во описот на производот.

– Па, мислев дека ќе бидам забавна мајка кога на син ми ќе ги добијам овие органски, нетоксични боички од пчелин восок, кои би требало многу лесно да се измијат со топла вода – вели Кејт.

„Но, не, тие не се мијат и вака изгледа сега“, вели Кејт, која потоа ја покажува кадата и уметничката креација на нејзиниот син.

Нејзината бања сега е покриена со детски цртежи, кои таа неуспешно се обидела да ги избрише. Ја пробала и гумата за бришење, но не успеала да ги измие боичките.

Гледачите на видеото останаа во шок, истовремено потсетувајќи се на сопствените проблеми со „миењето“ на боичките. Едно лице напиша: „Ставете силикон над него и зачувајте  ја уметноста засекогаш“.

– Истото ми се случи и мене. Зедов вистински отстранувач на маснотии да тријам – додала друга личност. „Морав да чистам со крпа и топла вода на неодредено време“, рече еден.

 

Loading...
@caitregan

Reply to @hannahmulay so do we leave it up yes or no

♬ ITS A MASTERPIECE – Cait Regan