Сакате црно чоколадо? Еве зошто е добро да ја јадете секојдневно!

Сподели со своите пријатели

Руската нутриционистка Јана Гришина смета дека црното чоколадо треба да биде вклучено во секојдневната исхрана.

Loading...

Таа изјавила дека темното чоколадо се смета за она кое содржи најмалку 55 проценти природно какао, додека млечното чоколадо содржи само 25-35 проценти какао.

 

 

„Разликата е во тоа што темното чоколадо има помалку шеќер и многу повеќе антиоксиданси. Најголем дел од калориите ги добиваме од темното чоколадо од масти, а не од јаглехидрати како што е случајот со млечното чоколадо. Освен тоа, темното чоколадо е извор на железо, магнезиум, бакар, манган и други минерали и тоа е причината поради која го подигнува расположението“, вели докторката.

Таа додаде дека можеме да јадеме околу 20 грама темно чоколадо на ден, но дека не треба да јадеме чоколадо на празен стомак или да го јадеме за ужина.