Сакал да паркира меѓу столбовите, но го уништил скапото Порше (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Несекојдневна глетка во сообраќајот ги затекна загрепчани на плоштадот Свачиќ. Таму возачот на Porsche Cayenne се обидел да паркира, но не му успеало како што сакал. Имено, на видеото што го објави Фејсбук страницата „Сообраќајни незгоди и несреќи“ може да се види како возачот се заглавил во бандерите и тешко го оштетил своето возило додека се враќал на патот.

Loading...

Делови од телото му испаднале и од задниот и од предниот дел од возилото, некои ги прегазил, а потоа продолжил да вози како ништо да не се случило. Видеото од Загреб изненади, но и насмеа многу граѓани. „Ќе биде скапа поправка“, „Половина Порше ќе и недостасува на куќата“, „Домонтирано“, се некои од коментарите.