САД се подготвени да дадат секаква неопходна помош по разорниот земјотрес во Турција

Сподели со своите пријатели

Властите на Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека земјата е подготвена да и пружи секаква помош на Турција откако нејзините јужни делови утринава беа погодени од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, јавува Анадолија.

Loading...

„Соединетите Американски Држави се длабоко загрижени од извештаите за денешниот разорен земјотрес во Турција и Сирија. Подготвени сме да обезбедиме секаква помош која е потребна. Американскиот претседател Џо Бајден им наложи на УСАИД и другите партнери на федералната влада да ги проценат опциите за одговор на САД за да им помогнат на најпогодените. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата во соработка со владата на Турција“, изјави американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Според првите изјави на официјални лица, најмалку 195 лица загинаа, а 900 се повредени како последица на разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано утринава ги погоди јужните региони на Турција, а беше почувствуван и во Сирија и Либан.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик Кахраманмарас, по што следеле 42 последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот беше почувствуван во многу градови на југот на Турција, особено во провинциите Кахраманмарас, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.

Во операциите за пребарување и спасување се ангажирани сите надлежни служби на Република Турција, а во подрачјата погодени од земјотресот пристигнуваат соодветни екипи од сите делови на Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Преку Министерството за надворешни работи Турција побара меѓународна помош во областа на потрагата и спасувањето.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...