САД подготвуваат нова воена помош за Киев од 800 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден подготвува околу 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина и би можела да ја објави уште денеска, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.

Loading...

Бајден би можел да ја одобри помошта користејќи претседателско овластување што овозможува брза испорака на вишок оружје од американските резерви до странски земји или организации во итен случај, изјавија изворите за британската агенција.

Изворите, кои сакаат да останат анонимни, наведуваат и дека најавата за оваа помош би можела да биде објавена следната недела, прецизирајќи дека планираниот пакет оружје може да се промени во вредност пред да биде официјално објавен.

Откако руските војници ја преминаа украинската граница во февруари во, како што вели Москва, „специјална воена операција“, конфликтот прерасна во сеопфатна војна која се водеше првенствено на истокот и југот на Украина, за време на која Вашингтон испрати милијарди долари на владата во Киев како помош за безбедност, потсетува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.