САД подготвува санкции против блиските соработници и сојузници на Орбан

Сподели со своите пријатели

Двопартискиот состав во Конгресот подготвува нацрт на американски санкции кои ќе бидат насочени кон водечките унгарски политички фигури поврзани со владата на Орбан.

Loading...

Санкциите ќе вклучуваат поранешни владини функционери и поддржувачи, главно поврзани со партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Законот е во подготовка од минатата година и се очекува да излезе пред Конгресот следниот месец, каде што најверојатно ќе добие широка поддршка, според официјални лица запознаени со процесот на изготвување на нацрт-законот.

Нацрт-законот за санкции се подготвува во услови на континуирано влошување на односите меѓу Вашингтон и Будимпешта, пишува Гардијан.

Унгарија најави дека ќе ја напушти Меѓународната инвестициска банка

Орбан беше близок политички сојузник на Доналд Трамп, а Фидес одржува силни врски со тврдите американски конзервативци.

Оваа недела протекоа документи на Пентагон, врз основа на разузнавачки информации, во кои Орбан ги опиша САД како еден од трите најголеми непријатели.

Унгарија вчера објави дека планира да ја напушти Меѓународната инвестициска банка (IIB) контролирана од Русија, само еден ден откако САД воведоа санкции за институцијата со седиште во Будимпешта, која во Европа широко се нарекува „тројански коњ“ на Москва.

Американците воведоа санкции и за тројца високи функционери на ИИБ, Русите Николај Косова и Георги Потапов и Унгарецот Имре Ласлочко.

Loading...

Објавувајќи ја одлуката за повлекување на своите претставници од банката, Унгарија ја изрази својата фрустрација од притисокот на САД.

„Унгарија треба да се третира како држава, а не како колонија“

„Прифаќаме и разбираме дека застапуваме различни позиции, но не разбираме зошто има потреба да се врши притисок врз другите земји да ја сменат својата позиција. Унгарија е земја, па затоа треба да се третира како таква, а не како колонија“, рече министерот Петер Сијарто на конференција за новинари.

Ова не е првпат Американците да воведуваат санкции за поединци блиски до Орбан.

Во 2014 година, Вашингтон им забрани на голем број унгарски функционери да влезат во земјата, вклучувајќи го и шефот на националната даночна служба, поради сомневање за корупција.