САД: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Брисел ја потврди својата посветеност на членот 5 за колективна одбрана, нагласувајќи дека САД ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО доколку е потребно.

Loading...

„Постојано слушате од нас дека САД се апсолутно посветени на членот 5 и дека сме решени да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО ако и кога станува збор за тоа“, рече Остин пред почетокот на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Во рамките на тој состанок ќе се состане и Групата за нуклеарно планирање на НАТО, а на состанокот ќе се разговара за опасната руска нуклеарна реторика и улогата на нуклеарните капацитети на НАТО во зачувувањето на мирот и одвраќањето на агресијата.

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје откако руските сили претрпеа неколку порази во Украина во последните неколку недели.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.