САД испраќаат човек на Месечината во 2024 година

Сподели со своите пријатели

Белата куќа 50 години по првиот чекор на човекот на Месечината, сака американските астронаути повторно да одат на природниот сателит на Земјата во 2024 година, пренесуваат агенциите.

Loading...

Како што се додава, Месечинат аќе служи како пробен полигон за испраќање астронаути на Марс во 2030те години.

Милиони луѓе и натаму веруваат дека НАСА го лажирала слетувањето на Месечината

Астронаутот на „Аполо 11“ Баз Олдрин уште во 1994 година, на 25-годишнината, се запраќал дали астронаутите до 50-годишнината ќе се вратат и на Месечината, а не да слетаат на Марс, што во тоа време била краткорочна цел.

Американската вселенска агенција НАСА моментално не е во можност да испраќа астронаути ниту во орбитата околу Земјата. Русите по високи цени лансираат американски астронаути на Меѓународната вселенска станица, додека капсулите на „Спејс екс“ и „Боинг“ не бидат подготвени.

НАСА откри формула за создавање вода на Месечината

Ова најверојатно нема да се случи ниту во следните години.

– Пред 50 години слетавме, истраживме и се вративме. Тоа е 50 години ненапредок, рекол Олдрин на прославата на годишнината во Лос Анџелес и додал дека сите би трабло да се засрамат што не можат подобро од него.

Loading...

Астронаутот Мајкл Колинс, кој кружел околу Месечината на матичниот вселенски брод додека Олдрин и Нил Армстронг поставувале американско знаме и собирале камења, признава дека враќањето на Месечината како скалило за Марс е планот на владата.

Купил ленти од слетувањето на Месечината за 200 долари, сега ги продал за 1,8 милиони

– Но, не мора да се сложам со тоа, рекол за АП и додал дека, ако сакаат да одат на Марс, тоа треба да го сторат и веднаш.

И претседателот на САД Доналд Трамп предност дава на планот веднаш да се оди на Марс.

Тој на состанокот со Олдрин и Колинс во Овалната соба по повод годишнината, ги прашал дали е можно да се испратат астронаути на Марс без повторно истражување на Месечината, на што Колинс потврдно одговорил.

Зошто Американците никогаш повторно не стапнале на Месечината?

И покрај недостатокот на човечко присуство на Месечината, роботските вселенски бродови постојано ја истражуваат, па така покрај роботот на НАСА, лансираше и Кина, а Индија планира тоа да го стори наскоро.

Проектот Артемида, наречен по сестрата близначка на Аполон од грчката митологија, има за цел слетување на јужниот пол на Месечината.

Loading...

Огромна ледена обвивка ги криел кратерите на Месечинат акои би можеле да бидат драгоцен извор на вода за пиење, одгледување храна и изработка на ракетно гориво.

Image by PIRO4D from Pixabay

Leave a Reply