Зошто Американците никогаш повторно не стапнале на Месечината?

Сподели со своите пријатели

Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Џим Брајденстајн изјавил дека американските астронаути повеќе никогаш не се вратиле на Месечината затоа што од тој момент немало довонлно средства за такви вселенски програми.

Loading...

Тоа се е поврзано со „политичките ризици“, објаснил Брајднестајн, при што дошло и до намалување на финансирањето.

– Да не беа тие политички ризици, веројатно сега веќе би биле на Месечината, би биле и на Марс, нагласил директорот на НАСА.

Брајденстајн појаснил и дека НАСА во 1990те и почетокот на 2000те години се обидела да се врати на Месечината и да слета на Црвената планета, но двата програми барале долга подготовка и сериозни трошоци.

Исто така укажал и на тоа дека од истите причини можеби нема да се реализира ниту слетувањето на Марс закажано за 2024 година.

Неодамна администрацијата на Доналд Трамп наложи да се забрза реализацијата на лунарната програма, за да во следните пет години се оствари ново слетување на човекот на Месечината, наместо до 2028 година, како што претходно било планирано.

Модернизираниот конџепт на овој проект го добил името „Артемида“ во чест на грчката божица на Месечината.

Image by PIRO4D from Pixabay

Loading...

Leave a Reply