Купил ленти од слетувањето на Месечината за 200 долари, сега ги продал за 1,8 милиони

Сподели со своите пријатели

Поранешен стажист во НАСА, Гари Џорџ продал три видео ленти од слетувањето на „Аполо 11“ на Месечината, за 1,82 милиони долари на аукција во „Сотби“.

Loading...

Видео материјалот на лентите не е допиран на било каков начин, засилуван, реставриран, па лентите се „најстари, најостри и најавтентитчни видо снимки од човековите чекори на Месечината“, соопштила аукциската куќа.

Милиони луѓе и натаму веруваат дека НАСА го лажирала слетувањето на Месечината

Џорџ во текот на своите студии на Универзитетот „Ламар“ во 1976 година стажирал во Вселенскиот центар Џосон во Хјустон, па дознал за владината аукција на која за 217 долари (скоро 1.000 долари во денешна вредност), купил 1.150 снимки на магнетна лента од НАСА.

Во моментот кога ги купувал не знаел дека меѓу нив има и вредни снимки од првото слетување на Месечината.

Вака НАСА го произведува најголемиот телескоп кој ќе биде испратен во вселената (ВИДЕО)

Продал и донирал поголем дел од лентите, но сочувал три откако неговиот татко забележал дека се означени со „APOLLO 11 EVA | July 20, 1969 REEL 1 [-3]“ и „VR2000 525 Hi Band 15 ips“.

Не размислувал многу за нив се до 2008 година кога дознал дека НАСА се обидува да ги пронајде оргиналните ленти за 40-годишнината од слетувањето.

Loading...

НАСА: Месечината се намалува и има потреси

Лентите на себе имаат два часа и 24 минути материјал и ја покажуваат целата прошетка по Месечината, која е снимена од контролната соба, од првиот чекор до повикот на претседателот Ричард Никсон.

Image by WikiImages from Pixabay

Leave a Reply