Милиони луѓе и натаму веруваат дека НАСА го лажирала слетувањето на Месечината

Сподели со своите пријатели

Тоа била најголемата наводно лажирана вести децении пред терминот „фејк њуз“ да биде измислен.

Loading...

Милиони луѓе во светот и натаму веруваат дека човекот не чекорел по Месечината и убедени се дека НАСА слетувањето на сателитот на Земјата го снимила во некое од холивудските студија. Илјадници интернет страници се посветени на тоа да се „докаже“ дека слетувањето не се случило, а некои дури ја доведуваат во прашање целата мисија „Аполо 11“.

Накои велат дека НАСА во 1969 година имала технолошки „Know-how“ да изведе ваков зафат, а ако и имала, тогаш тоа го направила без екипаж, затоа што астронаутите би биле живи спржени од космичките зраци. Теории на заговори ума уште многу, но сите аргументи се пронаоѓаат во наводните аномалии на фотографиите и снимките кои НАСА од Месечината ги испратила на Земјата.

За некои доказ за местенки се сенките на снимките, за други недостатокот на ѕвезди на небото. Тоа што по ред ги демантирале научниците, на теоретичарите на заговори не им значи многу. Фантазијата не им ја урива ниту фактот дека Лунарниот Орбитер 2009 снимил дека напуштените модули Аполо 11, 24, 15, 16 и 17 и натмау стојат на површината на Месечината.

Кога лунарниот модул на „Аполо 1“ допрел до површинат ана Месечината на 20 јули 1969 година малку кој Американец не верувал дека тоа е вистина. Според истражувањето на Галуп до крајот на векот веќе биле шест отсто. Во Русија дури шеесет отсто не веруваат дека Американците биле први на Месечината.

Но, изненадува дека многу скептици има меѓу најблиските американски сојузници. Четвртина од Британците не веруваат во слетувањето, ниту девет отсто од Французите.

Академикот Дидије Десормау, кој многу пишувал за теориите на заговори, вели дека бројот на оние кои не веруваат расте со важноста на настанот.

– Освојувањето на вселената беше многу важен настан за човештвото. Поткопувањето на тоа може да ги задрма темелите на науката и човековото владеење со природата, а тоа тогаш е одлична цел за теоретичарите на заговори, рекол Десормау за АФП.

Loading...

И претходно теориите на заговори содржеле снимки, како убиството на Кенеди од 1963 година, но ова е прв пат „теорија на заговор во целина изградена околу визуелна интерпретација на настаните, која тие тогаш целосно ја отфрлаат како местенка“, вели Десормау.

Истата логика се користи и за негирање на убиствата во американските училишта, рекол тој, кога најзагрозените теоретичари всушност тврдат дека лешевите се актери.

– Сликите можат да ја умртват нашата способност да размислуваме кога сме соочени со превртена логика. Силата на таквите теории, независно на каков темел преживуваат, стануваат некој вид евангелизација и немаат рок на траење, предупредува тој.

Поранешниот службен историчар на НАСА Роџер Лауниус вели дека никогаш не треба да се чудиме што негирањето на слетувањето на Месечината не престанува. Тој посветил поголем дел од својата кариера во борба со теоретичарите на заговори и вели дека едностано не прифаќаат исти правила на истражувања и знаење според кои другите живеат.

Image by WikiImages from Pixabay

Leave a Reply