САД: Гризли нападна и уби жена во близина на Јелоустоун

Сподели со своите пријатели

Безживотно тело на жена е пронајдено во близина на Националниот парк Јелоустоун во САД. Причината за смртта најверојатно е напад на гризли, пишува Гардијан.

Loading...

– Телото на жената е пронајдено во саботата. На локацијата се пронајдени отпечатоци од гризли – соопштија надлежните служби на сојузната држава Монтана, кои се уште официјално не потврдиле дека жената загинала во напад на гризли.

Истрагата е во тек и се чека само потврда.

Ренџерите веднаш наредиле областа да се затвори. Гардијан пишува дека во последно време се повеќе луѓе пријавуваат дека виделе гризли, чија популација е во пораст.

Нападите на гризли се исклучително ретки, но поради зголемувањето на човечката популација во областите кои традиционално биле дом на гризли, тие стануваат се почести.

Таму, во 2021 година, гризли нападна и уби кампер во западна Монтана, а истата година гризли нападна и уби рибар во Јелоустоун.