САД до руските финансиски лидери: Вие сте вмешани во злосторствата на Путин

Сподели со своите пријатели

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен ги обвини руските претставници кои присуствуваа на состанокот на финансиските лидери на Г-20 дека се „вмешани“ во војната во Украина.

Loading...

Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика финансиските лидери да се фокусираат на „најранливите граѓани во светот“, без директно да ја спомене војната во Украина, иако тој конфликт и неговите последици за глобалната економија најверојатно ќе доминираат на дводневниот состанок.

Индискиот премиер: Стабилноста, довербата и растот треба да се вратат во светската економија

Моди рече дека пандемијата „Ковид-19“ и „зголемените геополитички тензии во различни делови на светот“ доведоа до неодржливи нивоа на долгови во неколку земји, прекини во глобалните синџири на снабдување и закани за безбедноста на храната и енергијата.

„Би повикал вашите дискусии да се фокусираат на најранливите граѓани во светот“, рече тој, додавајќи дека стабилноста, довербата и растот треба да се вратат во светската економија.

По повод првата годишнина од руската инвазија на Украина, Јелен ги повика своите колеги од Г20 „да ги удвојат напорите за поддршка на Украина и да ја ограничат способноста на Русија да води војна“.

Лидерите на Г7 се очекува да објават нови санкции против руските воени помагачи по виртуелната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна во петок.

Британија воведе нови санкции

Пред состанокот, Британија воведе нови санкции кон Русија, вклучувајќи забрана за извоз на стоки што се користат на боиштето и забрана за увоз на стоки од железо и челик.

Г20 ги вклучува земјите членки на Г7 и Русија, Кина, Индија, Бразил и Саудиска Арабија, меѓу другите.

Loading...

Јелен рече дека употребата на храната и енергијата како „оружје“ од страна на рускиот претседател Владимир Путин и штети не само на Украина, туку и на глобалната економија, особено на земјите во развој.

„Ги повикувам руските претставници овде на Г-20 да разберат дека продолжувајќи да работат за Кремљ, тие се соучесници во злосторствата на Путин“, рече Јелен. „Тие се одговорни за одземените животи и средства за живот во Украина и за глобалната штета“.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов и гувернерката на Централната банка Елвира Набјулина не се присутни на состанокот на Г-20 во Индија, туку ги претставуваат нивните заменици.

Индија е неутрална во руско-украинската војна

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави за Ројтерс дека финансиските лидери на Г20 мора да ја осудат руската агресија врз Украина и дека Европа работи на нови санкции против Москва.

Индија, која претседава со групата Г20, не сака блокот да разговара за нови санкции против Русија и притиска конечната изјава да не го користи зборот „војна“, изјавија претставници на Г20 за Ројтерс.

Њу Делхи е неутрален во конфликтот и значително го зголеми купувањето на поевтина руска нафта.

Русија ги смета своите акции во Украина за „специјална воена операција“.

Германија: Ова е војна што ја започна Путин

Во завршната изјава на самитот на Г20 во Индонезија минатата година беше истакнато дека повеќето земји членки ја осудуваат војната во Украина, истакнувајќи дека некои држави на конфликтот гледаат поинаку.

Loading...

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер на маргините на состаноците изјави дека Г-20 претходно ја критикуваше Русија и дека таа сега не смее да отстапи.

„Треба да биде апсолутно јасно, ова е војна што ја започна Путин“, рече тој.

Состанокот доаѓа во време кога глобалните економски изгледи се подобрија од последниот самит на Г20 во октомври, кога голем број земји беа на работ на рецесија поради војната предизвикана од поскапувањата на енергијата и храната.

Притисокот врз Кина расте

Јелен го истакна подобрувањето, велејќи дека глобалната економија „денес е во подобра позиција отколку што многумина предвидуваа пред само неколку месеци“.

ММФ прогнозира раст на глобалниот БДП во 2023 година за 2,9 отсто, додека во октомври 2,7 отсто, но тоа е сепак далеку помалку од 3,4 отсто остварени во 2022 година.

Јелен го препиша подобрувањето делумно на соработката меѓу централните банки и владите на Г-20 во текот на изминатата година во одлучното ограничување на инфлацијата, дури и по цена на растот.

Инфлацијата во САД и другите земји опадна, како и цените на енергијата, но Јелен истакна дека овие напори мора да продолжат и дека треба да се работи повеќе за да се ублажат последиците од војната.

Г-20 треба да разговара и за намалување на долговите на земјите во криза. Се зголемува притисокот врз Кина, најголемиот билатерален доверител во светот, и другите нации да се согласат на значително олеснување на долгот.

Loading...

Во видео обраќањето на собирот, кинескиот министер за финансии Лиу Кун го повтори ставот на Пекинг дека Светската банка и другите мултилатерални развојни банки треба да учествуваат, како и билатералните кредитори.

Меѓународните финансиски институции и комерцијалните кредитори треба да го следат принципот на „заедничка акција, правично споделување на товарот“, рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.