САД би интервенирале воено во случај на кинеска инвазија на Тајван

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Токио предупреди дека САД „воено ќе го бранат Тајван доколку Пекинг го нападне тој автономен остров“, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасноста“.

Loading...

„Тоа е обврска што ја презедовме“, рече Бајден на прашањето на новинарите дали САД ќе интервенираат воено против обидите на Кина да ја заземе територијата насилно.

 

Киев ја продолжи воената состојба, Русија е подготвена да ги продолжи разговорите

 

„Се согласивме со политиката на една Кина, ја потпишавме… но идејата дека (Тајван) може да биде преземен со сила едноставно не е соодветна“, рече Бајден.

Тој рече дека тоа „ќе го наруши целиот регион и ќе биде уште една акција слична на она што се случи во Украина“.

Според него, по руската инвазија на Украина, се зголемува потребата за заштита на самоуправниот остров.

Loading...

 

Америка влегува во ново партнерство со 13 азиски земји. Кина не е среќна поради тоа

 

Според политиката „Една Кина“, САД го признаваат Пекинг како влада на Тајван и немаат дипломатски односи со Тајван. Сепак, тие одржуваат неформални контакти со Тајван, вклучувајќи ја и „де факто“ амбасадата во главниот град Тајпеј.

SAD обезбедуваат и воена опрема за одбрана на Тајван.