Руските рафинерии во БиХ акумулираа над една милијарда евра загуби

Сподели со своите пријатели

Рафинериите во БиХ, кои се во сопственост на Русија, имаат акумулирано огромни загуби и тие во моментов се проценуваат на повеќе од 1,3 милијарди евра, тврдат во средата локалните медиуми.

Loading...

Порталот Capital.ba, специјализиран за економски теми, објави дека на крајот на 2022 година, акумулираната загуба на рафинеријата за нафта во Босански Брод и рафинеријата за нафта во Модрича, кои заедно со синџирот на бензински пумпи работат во рамките на компанијата „Нестро груп“, ја надмина сумата од 2,6 милијарди конвертибилни марки или 1,329 милијарди евра.

„Нестро груп“ е во сопственост на рускиот концерн „НефтгазИнкор“, а откако ги купи единствените две рафинерии што ги имаше БиХ, постојано бележат загуби во бизнисот.

Снабдувањето со гас на таа рафинерија е важно за Хрватска

Руската компанија ја купи рафинеријата во 2007 година во директно преговарање со владата на Република Српска, на чело со Милорад Додик, актуелниот претседател на тој ентитет.

Двете рафинерии заедно со синџирот бензински пумпи го чинеа купувачот 236 милиони конвертибилни марки или околу 120 милиони евра.

Околу 40 отсто од сопственоста на „НефтгазИнкор“ има рускиот државен концерн „Зарубежнефт“.

Рафинеријата Босанскоброд е без работа речиси пет години поради дефект во постројките за преработка на нафта, а сопствениците фокусот го насочија кон плановите за изградба на гасна централа која засега планираат да ја снабдат со гас од Хрватска.

Рафинеријата непрописно беше приклучена на гасоводот со хрватскиот производствен гасовод кој доаѓаше од правец на Славонски Брод, а претходните барања на компанијата „БХ Гас“ за изградба на гасовод од Славонски Брод до Сараево пропаднаа бидејќи беа блокирани за политички причините на Додик, кој сака РС да ја снабдува таа енергија исклучиво од Русија.

Loading...

Снабдувањето со гас на таа рафинерија е важно за Хрватска, бидејќи на овој начин се планираше да се намали загадувањето на воздухот од фабриката за преработка на нафта, што влијаеше и на животната средина во Славонски Брод.